Гордана Силјановска Давкова преку „Фејсбук“ му ги честиташе освоените гласови на Блерим Река и му порача дека ѝ беше чест да учествува на претседателските избори заедно со него, нејзиниот колега.
-Ми беше чест да учествувам на претседателските избори заедно со колегата Блерим Река.
Дискусиите кои ги имавме, и по прашања за кои се сложувавме, како и за оние за кои не се сложувавме, беа на високо ниво и го подигнаа квалитетот на дебатата.
Му честитам на освоените гласови и искрено жалам што не влезе во вториот круг.