Македонија 21. август 2020. / 13:49

Силјановска до Џафери: Не може претседателот седниците да ги откажува и закажува кога сака

Силјановска до Џафери: Не може претседателот седниците да ги откажува и закажува кога сака

Пратеничката Гордана Силјаноска-Давкова на почеткот на конститутивната седница во Собранието побара доколку Талат Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

Таа во нејзиното излагање му рече на Џафери и дека раѓањето на внукот не било причина да се одложи на седницата.

Претседавачот треба да води сметка за Деловникот, вели Силјановска и додава дека тој не е ексклузивен во диктирање на условите.

– Не може претседателот седниците да ги откажува и закажува кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за одложување на Собрание – му рече Силјаноска-Давкова на Џафери.

Џафери пак одговори дека официјално седница не била закажана.

Собранието денеска ја продолжи конститутивната седница на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом,