Македонија 05. март 2019. / 21:00

Силјановска: Децата ни заминуваат поради корупцијата и криминалот!

Силјановска: Децата ни заминуваат поради корупцијата и криминалот!

Кандидататката за претседателка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова вечерва беше во посета на Ново Село.

Таа констатира дека децата ќе заминуваат се додека се сведоци на корупција и криминал од власта.

– Граѓаните на Ново Село од блиску видоа како во практика функционира Заевизмот откако нивниот градоначалник предложен од СДСМ шверцуваше цигари преку граница. Децата ќе ни заминуваат се додека се сведоци на корупција и криминал од народни претставници. Затоа на 21 април ќе им кажеме НЕ на тие што сакаат Македонија да ја претворат во темен вилает на мала група елитисти што си ги вработуваат само своите роднини додека граѓаните немаат основна здравствена заштита, образование и едвај преживуваат. – потенцираше Силјановска.