Македонија 08. април 2019. / 17:58

Силјановска Давкова: Положив цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ всушност првиот претседател на Македонија

Силјановска Давкова: Положив цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ всушност првиот претседател на Македонија

Положив цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ всушност првиот претседател на Македонија, Андонов Ченто. Тоа е моќна симболика, зошто еден од основните темели на Европа е борбата против фашизмот.

Ние активно, односно партизаните активно се вклучиле на правата страна што значи уште од тогаш Европа и ЕУ биле нешто природно за нас. Она што тревожи е што кога јас учев основно и средно за Ченто не учевме, ние не смееме да си ги забораваме хероите. А, не особено првите претседатели на државата, и од тоа да се срамиме. Односно да се срамат оние кои ги криеле. А, што се однесува до мене симболиката би била ако е тој еден од најпочитуваните, првиот претседател, зошто не би била жена првата претседателка на Република Македонија.