Македонија 01. февруари 2021. / 20:54

Силјановска-Давкова: Како може ФИТР да го води потпретседател на партија, тоа е директна партизација

Силјановска-Давкова: Како може  ФИТР да го води потпретседател на партија, тоа е директна партизација

Професорката Гордана Силјановска-Давкова во вечерашното гостување во емисијата Филибастер на Радио Лидер се осврна на интерпелацијата за вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, и за министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Замислете какви креативни изуми – Министерство за борба против корупција, оддржлив развој и човечки ресурси – омнибус од нелогичен размер, слично како Министерство за политички систем и меѓуетнички односи, што ќе рече министертво над министерствата оти политичкиот систем ги опфаќа сите политички процеси и институции на национално ниво. Па меѓуетничките односи се секогаш внатре“, вели Силјановска-Давкова.

Во однос на поимот – прв вицепремиер, таа вели ако имаме Уставен суд во истиот ден би ја решил работата, бидејќи тоа се, како што вели измислени функции.

„Нашиот Устав познава  – Владата е составена од премиер и од министри“, појасни Силјановска-Давкова.

Таа праша како може орган кој треба да промовира највисока стручност и компетентност во оценката на она што е технолошки напредок, т.н. Фонд за иновации, да го води потпретседател на партија, директна партизација и политизација, згора комуниколог.

„Во која индустрија тој ќе оценува. Може само во филмската, бидејќи ако се сеќавате сними во државен простор студио. Па може и некоја од госпоѓите да добие Оскар за епизодна улога. м бидејќи беа снимени филмови кои беа искористени во кампањата. Тоа се невозможни решенија“, рече Силјановска-Давкова.