Забележуваат дека сум направила некој лапсус на митинзите. Се случува. Секому може да му се случи, особено ако има таква агенда како мојата. (Си велам, среќа што Македонија не е голема како Франција), рече Сиљановска-Давкова.
-Но, забележуваат ли дека знам да се извинам кога ќе згрешам? Ете, и за најмала грешка… А си имаме работа со луѓе кои погазија и збор и морал и право – и не само што не носат одговорност за тоа, ниту се извинуваат, туку бараат НИЕ да им се извиниме за нивните грешки.
Не е страшно, човечки е да се направи лапсус. Уште почовечки е да признаеш таква грешка и да побараш прошка. Но, страшно е кога носители на извршна власт се однесуваат според онаа старата „кадија те тужи, кадија те суди“ – а не се ни кадии! Македонскиот народ никогаш нема да прости за нивните „грешки“ и „лапсуси“ – во уставот, законите, Преспанскиот договор.
Други ми забележуваат дека било несвојствено за кандидатка на опозицијата да практикува јога!? Да биде вегетаријанка! И забележуваат дека иако професорка, на видео спотот сум се нашла и во кујната. Да, драги мои! Сето тоа сум јас: сложено ама и едноставно човечко суштество! Јас не се срамам што живеам обичен живот, што перам и готвам, средувам по дома, се грижам и за семејството, и тоа се грижи за мене. Небаре е голема работа да си обичен човек од Муртино и да те викаат зајченце миличко, а мене не ми доликувало да се претставам во светлината на мојот секојдневен живот.
Имајте убав викенд, ви благодарам за сета поддршка – од народот, за народот, со народот!“-реагира Изборниот штаб на кандидатката за Претседател на РСМ, Гордана Силјановска Давкова.