Мислам дека за Балканот се смисли посебен процес за стабилизација и асоцијација, поинаква и подолга листа на критериуми за влез во ЕУ, рече Гордана Силјановска Давкова на денешниот протест во Скопје од пред Владата.
Според неа, демократијата најдобро се вежба во демократско друштво, во ЕУ а, не надвор од ЕУ.
„Наместо да им дава оружје кое е погубно по демократијата ама и по мирот на оние што се внатре, ЕУ сепак да се одважи и цврсто да застане на ставот дека за билатерални прашања може да разговарате, тие не смеат да бидат дел од преговарачката рамка туку преговарачката рамка се однесува на она што значи европски живот, на просперитетна економија, на владеење на правото на независно судство на партиципативна демократска политичка култура“, рече Силјановска Давкова.