Македонија 26. февруари 2021. / 13:21

Шврговски: Одлуката за притвор на Мијалков е спротивна на законот

Шврговски: Одлуката за притвор на Мијалков е спротивна на законот

Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, по пресудата за „Таргет Тврдина“, вели дека казната за неговиот клинет е драконска, и дека основата за притвор е незаконска.

Казната е драконска, да се даде максимум за секое обвиниение, нема да најдете во аналите каде што за секое дело е дадена максимална казна затвор“, рече Шврговски.

Тој додаде дека одлуката на судот за притвор е спротивнa од законот.

„При определена мерка домашен притвор, без притоа да биде повредена обврска, да се донесе мерка притвор, сметаме дека е спротивно на член 470, бидејќи Мијалков е обезбеден, се наоѓа во домашен притвор, и не може да се даде во бегство“, рече Шврговски.