Македонија 10. ноември 2020. / 10:30

Шведска не ги признава македонските возачки дозволи – печалбарите со сериозен проблем

Шведска не ги признава македонските возачки дозволи – печалбарите со сериозен проблем

Шведска не ги признава возачките дозволи на Македонија, а македонските граѓани на привремена работа во земјата имаат право да возат со возачка дозвола од РМ само првата година од нивниот престој таму.

Поради тоа, македонските печалбари се жалат дека тоа им предизвикува сериозни проблеми во нивното секојдневие, објави „ТВ21“.

-За нас е пречка бидејќи ни требаат. Зависи каде одиме, а не можеме да одиме со автомобил затоа треба да се качиме на автобус или воз, а со тоа се губи повеќе време. Ако со автомобил стигнуваш за 5-10 минути, со воз или автобус губиш еден час – вели Фари Незири.

Печлбарите велат дека освен тешкотиите со јазикот, добивањето на возачка дозвола исто времено чини многу. Признавањето на возачките дозволи од РМ би претставувало олеснување.

-Неколкумина го изгубија и работното место поради возачките. Доколку постои можност да интервенира нашата држава, ќе беше добро. Многу е тешко бидејќи повеќето работат во компании за чистење, каде треба да се оди од едно во друго место, а не можеме да одиме со автобус, мора да имаме возачка дозвола – додава Нусрет Купа.

Од МВР велат дека работат на оваа проблематика.

-МВР има испратено барање до Кралството Шведска за можноста и процедурите за признавање на возачките дозволи врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај (1968). МВР презема активности за договори со колку е можно повеќе земји за признавање на возачките дозволи – велат од МВР.

Ист проблем имаа и нашите граѓани кои живеат во Германија, но тоа беше решено со договор за реципрочно признавање на возачките дозволи.