Од денеска, секој патник кој со авион од Македонија ќе слета на кој било швајцарски аеродром ќе мора да помине 10-дневен карантин. Ова е најновата одлука на Швајцарија, земја која оваа листа ја менува на секои 14 дена.
Швајцарија, во својата листа на земји коишто се со зголемен ризик од заразеност од коронавирусот, ја додаде и Македонија. За сите земји со висок ризик, важи 1о-дневен карантин при влез во државата.
Десетдневниот карантин важи и за секој патник од Македонија кој ќе влезе во Швајцарија и со автомобил или со воз.
Последните податоци за смртноста на заразените пациенти од Ковид-19 во Македонија, ја стави нашата земја на оваа листа на која се и Полска, Хрватска, Србија, Словенија, Португалија, САД…
Од Меѓународниот аеродром Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, летовите до Базел и до Цирих во Швајцарија, функционираат нормално. Визер лета редовно до Базел, додека Чер ерлајнс (Chair Airlines) до Цирих, од двата македонски аеродроми.
Во моментов нема никаква најава од авиокомпаниите дека ќе ги запрат летовите до овие дестинации, велат од ТАВ аеродорми.