Македонија 03. јуни 2019. / 11:54

Што се случува? Откажан летот на Вардар со кој требаше во 16.15 часот да пристигнат во Скопје

Што се случува? Откажан летот на Вардар со кој требаше во 16.15 часот да пристигнат во Скопје

Летот со кој попладне требаше да пристигнат ракометарите на Вардар во земјава е откажан, пишува а1.on

На страницата на скопскиот аеродром предмалку е објавено дека летот од Келн во 16.15 часот, со кој беше најавено пристигнувањето на европските шампиони е откажан, а друг лет од Германија засега не закажан за Скопје.