Македонија 26. март 2019. / 13:55

Што сакаат да ни порачаат – првата поштенска марка на северна (двојазична) Македонија е магаре

Што сакаат да ни порачаат – првата поштенска марка на северна (двојазична) Македонија е магаре

Магаре има на првата поштенска марка издадена во земјава по промена на уставното име.

Граѓаните веднаш реагираа на социјалните мрежи:

„Првата поштенска марка на северна (двојазична) Македонија!!! Магаре!!!! Подобар избор не можеле да направат! – објави на Фејсбук, Вероника Минов.

Во коментарите под објавата луѓето изразија револт и разочараност од овој потег со двојазичноста и со новонаметнатото име „Северна“, но и со ставањето на магаре на поштенските марки што, според коментарите, може да асоцира дека македонскиот народ е магаре кое на својот грб го носи сиот товар.