Што ли им напишала шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рискоска, на своите колеги обвинители, членови на Советот на јавни обвинители? Рускоска денеска го испратила писменото образложение на три страници во кое ја објаснува СМС пораката , што таа ја испратила до еден од членовите на Судскиот совет, кој одлучи мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева да биде заменета со мерка куќен притвот.
Во пораката Рускоска напишала: „Ако ти и советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Поради судии како Вас никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите”.
Одлуката ја донесоа тројцата судии – Јани Нича, Сафет Кадриу и Зоран Димитриевски.
Од Совет на јавни обвинители треба дополнително да го соопштат нивниот став во врска со оваа порака од обвинителката.
Јанева заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски се обвинети во постапката за „Рекет“ за која судењето е закажано за 3 декември.