Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 18:00 часот, преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 19-та седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година по скратена постапка.
На предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард и Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард.
За заклучоците и донесените одлуки на денешната седница на Владата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.