Штипската Клиничка болница има потреба од 55 нови вработувања. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека планот за 2021 година ќе го достави до ресорното министерство.
-Потребни ни се пет млади лекари, додека останатите 50 вработувања се за медицински сестри, болничари, физиотерапевти, но и администрација, појасни Ѓеорѓијев.
Голем дел од работните места се испразнуваат со пензионирање, па е потребно да се пополнат.
На огласите кога ги распишуваме има интерес и од младите лекари и од медицинскиот персонал, се јавуваат не само од Штип, туку и од целиот источен регион, додаде директорот.
Штипската Клиничка болница ќе побара и специјализации за 2021 година и тоа за инфектолог, невролог, педијатар и ушен лекар.