Македонија 17. септември 2020. / 17:00

Штипјанец излекуван од Ковид-19 повторно се заразил со Ковид-19

Штипјанец излекуван од Ковид-19 повторно се заразил со Ковид-19

Во Штип втор пат е регистриран случај каде излекуван пациент од Ковид -19 повторно се заразил. Штипјанец по вторпат е заболен од коронавирус. Маж вработен во конфекција повторно е заболен.

Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип, Марија Димитрова, објаснува дека тој бил позитивен пред неколку месеци, а е откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции.

Првиот пат бил асимптоматски, но овој пат тој појавил поблаги симптоми, по што е тестиран и е позитивен.

Првиот случај на повторување на болеста беше регистриран кај 46 годишен маж, кој откако оздраве, по неколку месеци се зарази од „текстилниот кластер“ и заврши во болница.

За едно деноноќие во градот има 8 случаи на инфицирани со коронавирусот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675.

Бројот на активни случаи со денови е под 2.000.