Македонија 23. јуни 2020. / 19:54

Шест вработени во изолација откако е откриен случај со Ковид-19 во битолската болница

Шест вработени во изолација откако е откриен случај со Ковид-19 во битолската болница

Шест лица од одделението за гинекологија и акушерство од клиничката болница во Битола се во изолација заради контакт со потврден случај на една вработена, пренесува локалната телевизија „Тера“.

Директорката на клиниката Билјана Гагачовска информирала дека заболената е хоспитализирана на инфективното одделние.

Болницата во Битола функционира и како регионален центар за лекување на пациенти со ковид-19. Во инфективното одделение има околу 50 легла за позитивни и сомнителни случаи. Во моментов таму се хоспитализирани 31 пациент.