Нови шест лица од Македонија се заразени со корона вирус.
Од 12 тестирани лица, позитивни на корона вирус се нови шест лица, со што бројот на вкупно заразени во Македонија достигна до 18 заразени лица, откри на прес-конференција министерот за здраство Венко Филипче.
Да ја информирам јавноста за пациентите. Вкупно денеска се тестирани 12 лица, од нив позитивни на корона вирусот се шест пациенти. Едната пациентка вчера пристигнала на скопскиот аеродром, патувала со маска и ракавици, се јавила сама на пунктот на аеродромот, а на сите други патници кои биле во авионот им е дадена домашна излолација – рече Филипче.
Останатите пет нови случаи се во Дебар.
Тоа значи дека во моментов имаме 18 пацинетни во државава, потенцираше Филипче.
Донесени се четири пациенти од Дебар на Инфективната клиника. Петте ново дијагноситицирани пациенти ќе се лекуваат во дебарската болница. Таму има кадар, епидемиолог и инфектолози. Сите се со лесна клиничка слика, налик на настинка – рече министерот за здравство, Филипче.