Македонија 03. јули 2020. / 10:28

Шест деца се дел од 400 хоспитализирани пациенти со корона вирус во земјава

Шест деца се дел од 400 хоспитализирани пациенти со корона вирус во земјава

Во Македонија во моментов се хоспитализирани 407 пациенти заболени со Ковид-19.

Според последните податоци на министерството за здравство, на Инфективната клиника вкупно се примени 90 лица. На кислородна поддршка се 44 пациенти, a нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на починати е 321. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556 лица, од кои над 2.000 се од Скопје.

Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања за Ковид -19.