Македонија 22. март 2020. / 12:11

Шекеринска: Медиумите и новинарите изземени од полицискиот час

Шекеринска: Медиумите и новинарите изземени од полицискиот час

Медиумите и новинарите ќе бидат исклучени од мерката полициски час, потврди денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека тоа било дискутирано и на состанокот на Кризниот штаб во Владата.

-Нашата одлука беше многу јасна дека се воведува полициски час од 21 до 6 часот, а главниот штаб треба да ги дефинира исклучоците и тоа беше споменато уште вчера. Една од професиите која ќе биде ислучена ќе бидат медиумите и новинарите. Денеска треба да се дефинира како да се организира начинот да не се влијае на брзината на работата на медиумите, а тој да биде ефикасен и за институциите, рече Шекеринска.