Новинарот на Призма и шарен револуционер Мери Јордановска, откако Македонија не започна преговори за членство со ЕУ го напиша следниот Фејсбук пост.
Мене ова со ЕУ ми личи на neverending story. Ако го смениме името, која е гаранцијата дека догодина навистина ќе почнат преговори? Која е гаранцијата дека ако падне Ципрас во март, нема да останеме со рацете во џеб, а со сменет Устав и име на држава? Која е гаранцијата дека по европските избори догодина нема да ни се постават нови услови?
Ми личи дека се се прави на слепо, а залогот што го даваме е преголем.
Така што нека се приберат сите дома и нека се фатат за работа, да видиме што значи вистинска борба против корупција, да видиме дека работни места се добиваат според стручност, а не зошто сте ги ветиле кога сте се запиле во кафана, да видиме да лежат тие што краделе, а не дека сте се договориле да куртулат, да видам нормално здравство а не да чекам fucking резултати од крв од 7 мај зошто немале реагенси, да не морам да барам врски и да молам за обичен преглед 3 месеци, па наместо тоа да и полнам буџет на Систина и да немам за леб до крај на месец.
Е до тогаш и ЕУ и име ставам на stand by, немам нерви за ова веќе. Од дома почнува се, а дома и не ни е баш добро. Патем, ако има нешто добро од денешниов ден, тоа е што не потчукнаа по глава и не потсетија дека без разлика на името, имаме многу други работи за решавање.