Македонија 31. јануари 2021. / 16:47

Шахпаска: Само оној кој ги знае своите права, може да се бори за нив

Шахпаска: Само оној кој ги знае своите права, може да се бори за нив

Започна кампањата „Мој труд, мои права“, а за тоа се огласи и министерката Јагода Шахпаска на својот Фејсбук профил.

– Кампањата „Мој труд, мои права!“ која што ја реализира Економско-социјалниот совет со поддршка на Зајакнување на социјалниот дијалог, нуди можност секој да се запознае со своите работнички права, и истите да ги штити, напиша на Фејсбук министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа додаде дека проектот е фиансиран од Европска Унија.

– Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, стои во статусот на министерката.

Во продолжение и Фејсбук статусот на министерката.

Кампањата „Мој труд, мои права!“ овозможува на брз и едноставен начин да се стигне до одговорите на најпоставуваните прашања во врска со работничките права.

🌐 https://mojtrudmoiprava.mk/ncpp

Posted by Јагода Шахпаска on Sunday, January 31, 2021