Македонија 19. јуни 2018. / 12:06

Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан

Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан

Поранешниот висок американски дипломат, а сега угледен политички аналитичар и универзитетски професор, Даниел Сервер, смета дека договорот што Македонија го потпиша со Грција не е само голем исчекор напред за двете земји туку и за целиот Балкан.

Во изјава за МИА, Сервер укажа дека ако договорот помине и во двата парламента и на референдумот во Македонија „тоа ќе ја подобри стабилноста и ќе го направи регионот попривлечен за странски инвеститори“.

„Останаа уште две битни прашања поврзани со војната и мирот на Балканот, тоа е нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина и напорите да се создаде функционална држава во Босна. Вие сте многу поблиску до крајот на процесот за воспоставување мир во регионот отколку што се на неговиот почеток“, вели Сервер.