Македонија 28. февруари 2020. / 11:57

Семејството на Боки нуди гаранција од 150.000 евра дека нема да избега

Семејството на Боки нуди гаранција од 150.000 евра дека нема да избега

Одбраната на Бојан Јовановски се изјасни дека се нуди 150.000 евра за тој да излезе од притвор. Семејството на Боки како гаранција ја нуди куќата која чини 100.000 евра и локал кој вреди 50.000 евра.
Неговиот адвокат Дукоски како причина зошто тој треба да излезе од притвор е дека не може да изготви квалитетна одбрана како и здравствени причини.

– Не може хигенски режим да се спроведе во затворот. Тој треба да прима посебна исхрана и не може затворот да прими посебен готвач за него. Неговата здравствена состојба наместо да се подобрува таа се влошува. Тој и денеска повраќаше -објасни Дукоски.