Семејството Николовски, повратници од Малта, сместени во карантин во Охрид ја контактираа редакцијата на „Лидер“ во обид да го искажат незадоволството од како што велат игнорантскиот однос на Министерството за здравство кон нив.
Поради здравствени причини и потврда од доктор поднесовме барање за замена на државнот карантин во домашна изолација каде во пресрет ни излегоа само кризниот штаб во Охрид и Главниот Кризен штаб во Скопје додека по незнам колку телефонски јавувања и пратени мејлови до Министерството за здравство не добивме никаков одговор. Крајно сме разочарани од односот на Министерството за здравство поради игнорантскиот однос кон нас, вели Зоран Николовски.
Тој објаснува дека поради тешката алегија на млеко и млечни производи на нивниот син кој има проблеми со астма и други видови на алергии семејството живее во страв поради посебниот режим на искрана.
Никој не ни дава потврда дека исхраната е прилагодена според режимот, вели Николовски.
Семејството е разочарано од односот на институциите од моментот кога пристигнале во земјава.
Да не зборуваме на односот и пречекот кој го имавме при самото слетуванње на аеродромот, се чувствуваме како да сме криминалци во сопствената земја. Крајно сме разочарани од ова што ни се случува, а за жал нема каде да се обратиме за помош, вели семејството Николовски