Македонија 28. септември 2020. / 19:30

Семејство од Делчево моли за помош за да не остане на улица

Семејство од Делчево моли за помош за да не остане на улица

Наталија Богатинова од Делчево апелира за помош за излез од тешката состојба во која се наоѓа семејството. Поради обврските за детето, работи само нејзиниот сопруг, но како што вели, средствата се доволно само за храна и подмирување на сметките.

Живееме во социјален стан доделен на мојот сопруг од мајка му. Јас не работам бидејќи се грижам за детето, сопругот работи, но тоа не е доволно за да се подмират сметките, вели Богатинова.

Таа бара помош за да може да се оспособат две соби во куќата или да имаат пари за да ја платат киријата додека да најде работа.

Наскоро ни истекува договорот за станот, но немаме пари да го продолжиме. Ако не го продолжиме, ќе останеме на улица. Затоа ве замолувам за помош, кој колку може за да може да реновираме две соби во старата куќа. Треба да се смени цела инсталација, нови прозорци, врати и купатилото. Имаме понекогаш поддршка и од моите родители, но мојот сопруг е сам и нема поддршка од никого, вели Богатинова.

Моментално за помош на ова семејство под мотото „Среќен дом за моето малечко“, Богатинова започнала иницијатива за собирање на онлајн донации, при што во рамки на акцијата од потребните 4000 евра, досега се обезбедени над 1600 евра. Дел од средствата, како што додава Богатинова, веќе се искористени за реновирање на домот.