Македонија 27. февруари 2019. / 11:31

Селотејп коалиција: Милошоски направи математика за можна Влада без ДУИ

Селотејп коалиција: Милошоски направи математика за можна Влада без ДУИ

Поранешниот министер за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, на својот „Фејсбук“ профил објави математика во која е можна Влада без ДУИ. Милошоски алудира на изјавите во последните неколку дена, особено на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири кој во „Клик Плус“ истакна дека е можна влада без ДУИ. Претседателот на власдеачката партија Зоран Заев, пак, вчера рече дека не е така едноставно. ДУИ и СДСМ во текот на следните денови ќе седнат и ќе ги „пеглаат“ разликите, иако вчера разменија обвинувања, особено на СДСМ кон ДУИ поради одлуката претседателот на Собранието Талат Џафери да ја прекине седницата за одземањет на имунитетот на Трајко Вељаноски.

Селотејп коалиција!
Актуелната СЕЛОТЕЈП КОАЛИЦИЈА е составена од актери кои имаат големи програмски разлики, но ги држеше заедно проектот за редефинирање на Уставот како обврска која заеднички ја превзеле за да дојдат до власта. Актуелната власт е фрагментирана коалиција, каде и во една иста партија различни поединци и групи се раскарани заради тоа што си бркаат свои лични бизнис приоритети и кариери, а власта не ја гледаат како можност за реализација на еден заеднички економски, образовен, социјален и реформски проект, бидејќи го немаат, туку власта ја гледаат како натпревар под мотото “сега му е мајката” во кој секој гледа да добие што повеќе позиции, повеќе тендери во пократко време, повеќе повластици од државата, повеќе влијание во обвинителството, повеќе “свои” судии, повеќе вработени роднини, и повеќе ресурси за газдите на медиумите кои им пишуваат “пофалби”.

Без овие СЕЛОТЕЈП ПРИВИЛЕГИИ, пари и интереси тешко би можеле да ги замислите во еден посериозен реформски концепт заедно еден до друг Данска Тевдовски и Кочо Анѓушев, Мира Дизел и Никола Димитров, Самка Ибраимовски и Радмила Шеќеринска, Павле Богоевски и Милкие Халими, Хазби Лика и Мухамед Зеќири, Амди Бајрам и Мила Царовска!

Затоа воопшто не зачудуваат изјавите на претставниците на СДСМ дека размислуваат и за коалициона влада без ДУИ, веројатно според следнава математика:
СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64 (со можност да се разговара и со Мендух Тачи за 2 пратеници на ДПА).

Но, можеби Зоран Заев, Мухамед Зеќири, Павле Богоевски и Артан Груби само прават театар за народот за да си ја покријат неспособноста на владеењето?!, напиша Милошоски.