Македонија 24. април 2019. / 15:07

Селмани за „Фокус“: Гласачите Албанци ќе го определат победникот и на овие избори

Селмани за „Фокус“: Гласачите Албанци ќе го определат победникот и на овие избори

Претседателскиот кандидат на изборите во 2009 година, Имер Селмани, за „Фокус“ изјави дека првпат после неколку циклуси во државава имаме општоприфатливи избори и што е многу поважно, нема ниту една поплака од партиите.

Тој додаде дека албанските гласови имале суштинска улога во изборот на минатите претседатели на државата, паочекува слична ситуација и на 5-ти мај.

Да не заборавиме, дека за победите на Трајковски, Црвенковски, па дури и на Иванов, беа пресудни гласовите на Албанците. И на овие избори, клучни ќе бидат гласачите Албанци кои ќе го определат победникот, порача Селмани.