Македонија 02. декември 2018. / 18:43

Селмани: Албанец за консензуален претседател на државата

Селмани: Албанец за консензуален претседател на државата

Поранешниот политичар Имер Селмани оценува дека е време претседател на Македонија да биде Албанец, пишува АлсатМ.

Да не почнеме од фактот дека тој треба да биде Македонец, да биде прифатен од Албанците. Албанците ги гласаа речиси сите претседатели по ред. За жал и Иванов го изгласаа Албанците пред 5 години и пред 10 години, не во голем број, туку во доволен број за да стане претседател. Да не зборуваме за Борис Трајковски, Црвенковски и Киро Глигоров, кои исто беа изгласани од Албанците. Време да се размислува за консензуален кандидат Албанец, кој ќе биде изгласан од македонска страна и сите други етнички заедници кои живеат во Македонија“, рече Селмани.

Коментирајќи ја неофицијалната листа на потенцијални кандидати за нов претседател, неофицијално во последниве денови се шпекулираше и Имер Селмани. Тој вели дека консензуалниот кандидат ќе треба да биде личност која е прифатлива за граѓаните, а не партиска личност. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, би бил еден од прифатливите кандидати за него.