Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, вчера изјави дека се уште немаат став во врска со претседателските избори, но дека се согласуваат со предлогот за избор на претседатело во Собранието.
– Се уште не сме имале состанок на Централното раководство, откако ќе го одржиме, ќе го имаме нашиот став во врска со претседателските избори. Нашиот став продолжува да биде насочен кон избирањето на Претседател во Собранието, бидејќи само во оваа форма зборот „консенсуален“ го добива правото значење. Може да има консенсуална кандидатура и консенсуален претседател нема затоа што за тоа решава народот, но е разбирливо за нас дека ова е некаква игра на политичкиот субјект којшто во има на оваа консенсуалност му го загарантира петгодишниот мандат на Ѓорге Иванов, мислам на ДУИ, и сега немаат бидејќи избегнуваат да им се откријат валканите игри што ги правеа некогаш во врска со претседателските избори. Има време, кога ќе се распишат изборите, ќе се огласиме- изјави Села, јави Цивилмедиа.
– Ние сме за предвремени парламентарни избори, заради многу прашања. Освен планот за добрососедство и надворешна политика, за што беше заслужен меѓународниот фактор, ова се однесува на Преспанскиот договор и промената на името, и уставните измени, во сите останати сфери, Владата беше неуспешна. Ако го земеме предвид фамозниот слоган „ Нема правда – нема мир“, знаете добро каква правда имаме денес. Снимани криминалци додека извршуваат кривична постапка се амнестираат, а невините што се во затвор и ден денес не добиваат тоа што очекуваа, ослободување од затвор или обештетување. Главното ветување на Владата беше правдата, и тука беше безуспешна- рече Села.