Пратеникот од алијансата за Албанците Зијадин Села, денеска во Собранието на Република Македонија одржа прес конфенција на која беше запрашан, што мисли за амнестијата.
„Амнестии во државата не дека немало, ама мислам дека е многу грешно, и со амнестија даваме многу лоша порака. Тоа би му дало право на секој граѓанин на секоја одлука,да влегува тука во Собранието, и да ни се случуваат повторно тие настани од 27 април. Јас не го прифаќам тоа.“, рече Села.