Повторно сме во момент на апсолутизам, нема контра власт. Судиите сваровски се таму, одлуките на судот се повторно мотивирани од политиката, ова не е демократија и не е слобода, изјави претседателот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села на денешната собраниска седница за реконструкција на владата.
Села истакна дека во земјава нема слобода на изразување, новинари добиваат закани по животот и е горд што нема дадено придонес во изградбата на нов режим во кој денес се наоѓа државата.
–Основниот темел на една либерална демократија на поединецот. Знаеме каде сме се вратиле, се враќаме во античката атинска демократија каде што индивидуалната слобода не постоела Кога недостига таквата слобода се претвораме во мизерна држава убиец и декадент, потенцираше Села.
Тој нагласи дека во земјава има недостиг на реформи во правда, судство, а воедно не се исполнуваат ниту препораките на земјите на ЕУ кои ни дават добри причини заради кои не добиваме датум за почеток на преговори.