Коалицијата Алијанса и Алтернатива претпоследниот митинг од својата кампања го одржаа во Арачиново.
Села пред луѓето на Арачиново зборуваше за програмата и политичката визија на Коалицијата АА-ААА, потенцирајќи дека Арачиново отсекогаш бил промотор на промените и местото каде се случија големите пресврти.
Не се сомневам дека на 15 јули Арачиново ќе го врати своето достоинство и ќе го заземе своето заслужено место, имало многу точки на пресврт и промени во важни историски периоди. Вашето масовно присуство тука вечерва јасно докажува дека сега сте решиле да ја направите промената и ве поканувам да ја запечатиме оваа голема победа на коалицијата. Сега е време во Арачиново, заради симболиката што го има Арачиново – порача Села.
Села понатаму додаде дека ниту Љубе ниту Зоран не можеле да пијат кафе во Арачиново, затоа што Арачиново е на Албанците и ќе остане така засекогаш.
Завршниот митинг на Коалицијата „Сега е време“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20.00 часот пред Владата.