Некој што е посилен од Зоран Заев и од Сашо Мијалков наредил појавување на поранешниот директор на УБК во Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, рече лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Села го опиша чинот како скандалозен, додека Мијалков го нарече контроверзна личност.
– Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во „Диво Насеље“. Ова е театар во режија на полицијата, обвини Села.
За него нема дилема оти Мијалков побегнал и, како што нагласи, „повеќе од очигледно е дека се вратил согласно некаков договор“.
– Сашо Мијалков го следат многу скандали и тој сè уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27 април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? – За човек кој очигледно е дека избега и после веројатно некаков договор се врати, изјави Села.