По средбите со амбасадорите на земјите членки на ЕУ за забрзување на реформите во судството, претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села, денес оствари средба со германскиот амбасадор во Скопје, г-ѓа. Анке Холштајн.
Со амбасадорот Холштајн, претседателот Села разговараше за политичките случувања во земјата, со посебен акцент на ставовите и постапките на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива кон прашањето за државјанството и борбата против корупцијата.
Претседателот Села му го предаде на амбасадорот официјалното барање упатено до државниот министер за Европа во рамките на германската федерална служба за надворешни работи, г. Мајкл Рот, да мобилизира сеопфатна европска иницијатива за владеење на правото во Македонија.
Сојузна Република Германија одигра незаменлива улога во решавањето на политичката криза во 2015 година и во напорите за воспоставување на владеењето на правото во нашата земја, вклучително и преку групата Прибе. Понатамошната заложба на Германија за зајакнување на судството за справување со корупција на високо ниво и политички монтирани случаи, сега е уште поважна, во пресрет на отворањето на преговорите со ЕУ.