Македонија 02. декември 2020. / 12:35

Села: Каква причина имаше Заев да ми забива нож во грб, треба да се разјаснат настаните на 27 април

Села:  Каква причина имаше Заев да ми забива нож во грб, треба да се разјаснат настаните на 27 април

Лидерот на Алијанса на Албанци, Зијадин Села, во интервју за Студио10 на тв24, рече дека би сакал да биде во емисија со Зоран Заев за да се разјаснат некои работи околу настаните на 27 април пред три години во Собранието.

За 27 април сакам да сум во студио со Заев, тој треба да даде некои одговори, зошто сведочи во судот, дека Вељановски, Јанакиески не биле виновни. За настаните од 27 април осуден е човек што ми ја спаси главата, не треба таква правда да има. Му должам на тој човек, појасни Села.

Тој праша каква причина имал Заев да му забие нож во грб, политички.

Зоран Заев е човекот кој најмногу лаже и не ги исполнува своите ветувања. Тој не си стои до дадениот збор, а јас се раководам по овие принципи, рече лидерот на Алијанса на Албанците.

Села искажа подготвеност да стори сѐ што е потребно да ги симне ДУИ од власт, вклучувајќи и коалиција со ВМРО ДПМНЕ.