Македонија 12. август 2020. / 12:51

Села и Гаши прифаќаат средба со Ахмети, но на друг датум

Села и Гаши прифаќаат средба со Ахмети, но на друг датум

Претседателите Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Африм Гаши од Алтернатива ја прифатија поканата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за заедничка средба на која беа поканети сите претставници од албанските партии, информира ТВ 21.

-Политичкиот механизам на заедничка средба е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и, како таков, сметаме дека треба да продолжи да се култивира за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија, посочуваат од партијата.

Со цел за да имаат суштински и плоден состанок, но и појасна да биде причината за организирање на состанокот, партиите побараа агенда, но и разгледување на можноста за друг датум, кој би бил по понеделник (17.08.2020).

Инаку, поканата за средба од претседателот на ДУИ, Али Ахмети првично е закажана за утре 13-ти август.
Вчера и лидерот на Беса, Билал Касами соопшти дека нема да присуствува на средбата.