Ние како партија го кажавме нашиот став и да се случат уставните промени, мислам дека владата веќе нема морален кредибилитет за да продолжи, Заев за да продолжи како премиер. И да се случат уставните промени, подобра варијанта би била и така веќе со закон треба да има техничка влада, потенцираше Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците, во дебатната емисија на 1ТВ.
При своето излагање во еден момент Села напомена дека Зоран Заев немаше да има влада ако не го исполнеше условот да се прифати законот за јазици.
Зарем Бујар Османи е незаменлив, прашува Зијадин Села:
„Бујар Османи утре треба, не да даде оставка туку да биде разрешен од премиерот, бидејќи која е логиката да ги гледаме Груевски и Мијалков да одат по судови, а не се дел од власта. Или ако не го разреши, нека ги земе и нив и нека бидат дел од власта и нека продолжат барем полесни ќе им бидат уставните промени!“ – вели Зијадин Села.
Граѓантие веруваа дека Заев ќе им понуди нешто ново, но ги разочара, затоа решение се само избори, вели Зијадин Села.