Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците, го потврди ставот на партијата дека ако Законот за државјанство не се усвои во Собранието, тогаш тој и пратениците од Алијасната за Албанците ќе го блокираат усвојувањето на сите останати предлог-закони.
Тој исто така нагласи дека е загрижен за, како што вели, рамнодушноста од страна на Албанија, додавајќи дека не може да молчи.
-Она што ме загрижува е каква е улогата на таа албанска партија којоа е на власт со децении. На пример, македонското малцинство во Пустец преку ноќ доби државјанство, со поддршка на ДУИ, додека Албанците кои се автохтони во Македонија остануваат без државјанство. Она што ме загрижува е молкот на матичната земја, која во целата оваа ситуација не треба да седи настрана. Проблемот не е од денеска, туку постои триесет години, изјави Села за Евроњуз-Албанија.