Лидерот на партијата Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, упати јавна покана до поранешниот кандидат за претседател, Блерим Река, да ѝ се приклучи на неговата партија.
Во гостувањето Села рече дека ако не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, треба да се направи техничка Влада, согласно Пржинскиот договор и на пролет да има избори.