Македонија 27. април 2019. / 19:39

Села ги остава гласачите на Река да постапат по сопствено убедување во вториот изборен круг

Села ги остава гласачите на Река да постапат по сопствено убедување во вториот изборен круг

Од Алијансата на Аланците на Зијадин Села, чиј претседателски кандидат Блерим Река во првиот круг освои скоро 80.000 гласови, ќе ги остават гласачите самостојно да одлучат дали и кому ќе дадат поддршка во вториот изборен круг.

-Нашиот претседател Зијадин Села беше многу дециден и остави на слободна волја како во сите демократски општества, секој граѓанин да одлучи по сопствено убедување – рече потпретседателката на АА Бујаре Абази.