На 27 април имаше обид за мое убиство и мене ме убија, но јас се спасив. Денес втор пат ме убија – рече претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, за Предлог законот за амнестија.
Според Села срамно е што злосторниците ќе бидат ослободени, а оној што го спасувал во Собранието е во затвор.
-Патот кон ЕУ и НАТО не води преку ослободување на оние кои ги отворија вратите за да влезат злосторниците- рече тој.
Тројца гласаа против потребата да се донесе законот за амнестија, Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски од ЛДП.
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата на Комисијата за уставни прашања. Координаторот на пратеничката група Никола Мицески рече дека ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во расправата за усвојување на уставните измени.