Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во емисијата „Патот кон“ на Алсат, јавно ги повика Движењето БЕСА и Алтернатива да се обединат против ДУИ, ДПА и НДП за да се формираат два албански блока.
„Со други зборови, кратко и јасно, не сум имал се уште преговори за избори, јас како претседател на Алијанса за Албанците, било со Движењето Беса, било со Алтернатива. Но јавно ги повикувам оттука, Алијанса за Албанците е заинтересирана за коалиција со Движењето Беса и Алтернатива заедно. Не, не е и ДПА. ДПА ќе му ја оставиме на Али. Бидејќи тој бара ние да се обединиме, нека се соедини и тој. Ние ќе работиме заедно со БЕСА и Алтернатива да се случи оваа коалиција. Во меѓувреме и Али кој постојано повикува да се обединиме, еве и тој нека ги земе Весел и Мендух и да направиме два политички блока“, рече Села.