Секој шести од тестираните граѓани во Македонија е позитивен на Ковид-19.
Ова го покажуваат податоците објавени од Министерството за здравство за бројот на новозаболени од корона вирус во Македонија за изминатите 24 часа.
Според тие бројки, во изминатото деноноќие се направени 868 тестирања, а како позитивни на вирусот се регистрирани дури 132 од тестираните.
Со денешниот биланс, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани воМакедонија од почетокот на епидемијата изнесува 6.212, а бројката на починати е 298.