Македонија 01. јуни 2020. / 17:11

Седумнаесет вработени на Дигестивна хирургиjа во изолација по позитивниот тест на медицинска сестра

Седумнаесет вработени на Дигестивна хирургиjа во изолација по позитивниот тест на медицинска сестра

Една медицинска сестра од Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје е позитивна на коронавирусот, а 17 нејзини колеги, болничари и медицински сестри се во изолација.

Работата на клиниката не е компромитирана и одделението функционира нормално. Нема доктори во изолација, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфренција.