Македонија 13. јуни 2020. / 23:15

Седумнаесет новозаболени од Ковид 19 во Кумановско

Седумнаесет новозаболени од Ковид 19 во Кумановско

Центарот за јавно здравје – Куманово, во последниве 24 часа евидентирала 17 новозаболени лица од Ковид 19. Директорот на ЦЈЗ – Куманово, Ариф Љатифи информира дека од нив, 15 лица се од Куманово, двајца од Липково.

– Во кумановско има два нови кластери, ги следиме и нивните контакти, изјави д-р Љатифи.

Денеска е регистриран еден оздравен пациент од Куманово. Во текот на денешниот ден извршени се 62 тестирања, по половина во општините Липково и Куманово.