Македонија 17. август 2020. / 13:48

Седум нови случаи на коронавирус во Тиквешко

Седум нови случаи на коронавирус во Тиквешко

Седум нови случаи на коронавирус се регистрирани денеска во Тиквешко, шест во Кавадарци и еден во Неготино.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА информираше дека новозаразените се на возраст од 30 до 64 години, од двата пола.

Едни се заразиле од претходно позитивни случаи во семејствата, а други не знаеле од каде се заразиле со вирусот КОВИД-19. Сите се на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.