Македонија 10. февруари 2021. / 10:00

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за здравство.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство е Информацијата за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година поднесена од група пратеници од опозицијата.

Пред членовите на Комисиахта за здравство се два предлог закона во второ читање кои се носат по скратена постапка – измените и дополнување на Законот за здравствената заштита и измените на Законот за здравственото осигурување.