Македонија 30. јули 2018. / 14:56

Седницата за референдумот закажана за 15:30

Седницата за референдумот закажана за 15:30

Собраниската седница, на која ќе се гласа за одлуката за распишување на референдумот ќе започне во 15:30 часот. Според информациите од мнозинството, на дневен ред ќе бидат две одлуки, таа за распишување на референдумот и одлука за распределување средства за таа намена.

Претходно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавија дека ќе бидат присутни на седницата, но оти не се согласуваат со референдумското прашање.