Македонија 18. септември 2020. / 11:30

Седницата на 27 април требаше да продолжи следниот ден, потврди поранешна пратеничка

Седницата на 27 април требаше да продолжи следниот ден, потврди поранешна пратеничка

Нада Ципушева, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ги опиша последните часови од седницата на 27 април 2017 година.

Таа објасни дека таа била пријавена за реплика по пратеникот Панчо Минов но претседавачот Вељановски дал пауза.

-Седницата заврши околу 18 часот. Претседавачот најави дека ќе продолжи следниот ден во 11 часот, објасни Ципушева.

Таа уште рече дека немало никаков план за организиран превоз на 27 април од нејзиниот роден град Радовиш за Скопје.